
Во првиот натпревар од 21-то коло на француското фудбалско првенство Ница и Рен одигаа без победник 1:1.
Домашните поведоа во 47 минута со голот на данскиот напаѓач Каспер Долберг, а бод за Рен спаси Фавиен Тет со погодокот во 81 минута.
Рен со 37 бодови на третото место, 12 бодови зад водечкиот ПСЖ и четири помалку зад второпласираниот Марсеј. Ница е на десеттото место во групата од пет екипи со по 29 бодови, но со меч повеќе.
Шест од преостанатите девет мечеви од ова коло се играат во сабота, и тоа: Марсеј- Анжер, Монако – Стразбур, Сен-Етјен – Нимс, Монпеје – Дижон, Брест – Амјен о Ремс – Мец.