(ВИДЕО) Таткото на Меган Маркл 90. минути изнесувал семејни тајни: „Меган ми должи, сите ми должат – Подготвен сум да сведочам против неа, ако треба!“

Томас Маркл со ќерката не зборува од мај 2018. година…
Таткото на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, Томас Маркл, раскажал повеќе детали од приватниот живот на сопругата на принцот Хари.
90-минутниот документарен филм, емитуван на Канал 5, видно вознемирениот Томас Маркл ја опишал потребата да ја гледа својата ќерка Меган на телевизија додека се опоравува од срцев удар.
Г-дин Маркл му рече на соговорникот дека е „љубоморен“ на принцот од Велс, кој наводно ја сакал неговата ќерка на минување.
“Ќерка ми изгледаше преубаво. Сакав да бидам таму со неа. Благодарен сум што Чарлс беше таму. Признавам дека плачев поради тоа. До ден денес не можам да го заборавам тој момент”, рекол Томас (75).


“Хари ми рече:’Да ме слушавте, ова немаше да се случи со вас’. Му реков дека е штета што не умрев, затоа што тогаш можеа да се преправаат дека се тажни и им спуштив слушалка. Го завртшив своето“ рекол Томас кој не присуствуваше на свадбата на својата ќерка поради наводна операција на срцето.
Томас, кој не разговара со својата ќерка од мај 2018 година, дал детали за нивната расправија, нарекувајќи го принцот Хари чувствителен 12-годишник. Притоа, тој сакал да ја оправда својата одлука да каже сè во документарецот.
“Во овој момент, тие ми должат мене. Меган ми должи. Хари ми должи. За тоа што го поминав заради нив, треба да бидам награден. Ќерка ми рече дека ќе се грижи за мене кога ќе остарам. Јас сум сега во позни години – време е да се погрижи за својот татко“, рекол таткото на војвотката.


Пензионираниот холивудски директор за осветлување, кој никогаш не го запознал неговиот внук, наследникот на кралската двојка Арчи, ја нарекол својата врска со ќерката „комплицирана“.
Хари и Меган сакаат да станат независни, и иако ова го шокираше британското кралско семејство, беше постигнат договор со кралицата Елизабета, која го дозволи ова, но парот ја изгуби титулата „неговото и нејзиното кралско височество“ и јавни средства. Томас проценил дека однесувањето на Хари и Меган е срамно и дека тие стануваат „изгубени души“.
“Тие го претворија кралското семејство во ‘Волмарт’ со круна на врвот. Секоја девојка сака да стане принцеза. Таа го доби тоа и сега го отфрла. Се чини дека го отфрла за пари”, рекол налутениот татко.
„Очигледно куќата од три милиони долари и 26. соби не е доволна … Ова е срам за мене“, додал таткото на Меган.
Томас посочил дека е подготвен да сведочи против неговата ќерка на суд.

https://www.youtube.com/watch?v=O25JAarGLUY&feature=emb_logo

.