
Две лица се потешко повредени во сообраќајка што се случила ноќеска после 4 часот на улицата „Браќа Миладинови“ во Виница, соопшти МВР.
Сообраќајката се случила меѓу патничко моторно возило „алфа ромео“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.И.(26) од Штип, и патничко моторно возило „поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од В.С.(59) од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле В.С. и сопатничка од возилото „алфа ромео“ Е.И.(23) од Штип, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Со повреди се здобиле С.И. и останатите сопатници од истото возило А.С.(19), Д.М.(27) и 17-годишно лице, сите од Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.