
Сојузните обвинители од Менхетен имаат докази дека братот на девојката на милијардерот Џеф Безос ги продавал нивните интимни порака на таблоидот Nation’s Enquirer, пренесува Wall Street Journal.
Обвинителите објавија пораки, договори и сметки за плаќање во времето на истрагата во врска со тврдењата на Безос за уцена од „Enquirer“, од каде му се заканиле дека ќе ги објави неговите голи фотографии.
Безос во еден момент ја обвини Саудиска Арабија за целиот случај. Инспекторите што ги ангажирал тврделе дека крунскиот принц на Саудиска Арабија испратил злонамерен код до мобилниот телефон на шефот на Амазон за да овозможи да биде хакиран.
Саудиска Арабија ги негираше обвинувањата. Истражувачот тврди дека Мајкл бил извор на приказната што му стави крај на бракот на Безос. Мајкл негираше сè.
„Во септември 2018 година, Мајкл Санчез започнал да им дава материјали и информации на нашите новинари“, изјави портпаролот на компанијата American Media за Wall Street Journal, додавајќи дека шпекулациите за трети страни, како што е Саудиска Арабија, се лажни.
„Со лаги и полувистини, Wall Street Journal погрешно известува“, изјави Санчез.
Во јануари 2019 година, Enquirer ја обелодени вонбрачната афера на Безос со Лорен Санчез. Истата недела тие објавија дека се разведува од сопругата Мекензи, со која бил 26 години во брак.
Потоа, Безос и неговиот иследник Гавин де Бејкер започнаа јавно да зборуваат за вмешаноста на Саудиска Арабија во протекувањето на неговите лични пораки. Еден месец порано, беше убиен колумнистот на „Вашингтон пост“ Џамал Кашоги.
Мајкл Санчез, кој работи како агент во Холивуд, претходно изјави дека Безос го замолил да му помогне, плашејќи се дека ќе се дознае за аферата со Лорен.
Според договорот што тој, наводно, го потпишал со компанијата American Media, тој им обезбедил „одредени информации, фотографии и пораки , пишува Wall Street Journal.