
Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот. Според листата на Ервижуал, главниот град на Македонија утринава е на осмата позиција меѓу градовите кои имаат најлош квалитет на воздухот. Мерните инструменти покажуваат дека најзагадено е кај Ректорат. Од останатите градови на Балканот, Сараево и Белград се на второто и третото место.