
Во дербито на 21-то коло од францускот фудбалско првенство, ПСЖ на гостувњето го совлада Лил со 2:0, со двата погодока на Бразилецот Нејмар кој едниот му го посвети на денеска трагично загинакиот американски кошаркар Коби Брајант.
Кога стаса веста за загинувањето на Коби Брајант, ПСЖ го играше својот меч со Лил. Двоен стреле беше Нејмар во 28 минута и во 52 минута од пенал.
Нејмар постигнувајќи го вториот погодок се упати кон камерманите и побликата покажувајќи со прстите „2“ и „4“, алудирајќи на бројот 24 кој го носеше во кариерата Брајант. Коби, кој дел од деството го минал во Италија, беше познат како голем љубител на фудбалската игра, a пред две години при престој во Париз присуствуваше на тренинг на ПСЖ.
ПСЖ на врвот на табелата има 52 бода, десет повеќе од вторпласираниот Марсеј, а Лил падна на седмата позиција со 31 бод.
https://www.youtube.com/watch?v=ypQDxZsG0_I