(ВИДЕО) Запалени контејнери во Дебар Маало, спречено е пожарот да се прошири врз околните згради и автомобили

Шест пластични контејнери попладнево изгореа на ул. „Алберт Ајнштајн“ во Дебар Маало. Во намерно подметнатиот пожар оштетени се и неколку околни дрвја, јавува 360 степени.мк. Благодарение на брзата реакција на скопските пожарникари, огнот не се прошири кон околните згради и возила, соопштија вечерва од Град Скопје.

Од Противпожарната бригада Скопје на својата Фејсбук страница споделија и видео од Град Скопје, со укажување дека вечерашната брза реакција спречила да бидат опжарени, дрва, коли, бандери со кабли и друго.

https://www.facebook.com/CityofSkopje/videos/321106962146229/

Од Град Скопје најавија дека „Комунална хигиена“ уште вечерва ќе ги замени запалените контејнери.

Во ноември минатата година веднаш по поставувањето на новите пластични контејнери, имаше серија вакви подметнување пожари прво во населбата Ѓорче Петров, а потоа и во Центар и во Чаир. Тогаш од полицијата соопштија дека имаат индиции за сторителите, но во интерес на истрагата не ги објавуваат.