
Тешко на партијата на чии функционери не им пречи да бидат водени од единствениот политичар во Европа кој три пати е аболициран за криминал, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ на прес конференцијата на Милан Живковиќ од СДСМ.
Во СДСМ се свесни дека ја напуштаат власта и во паника пред граѓаните креираат сценарија“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо Милан Живковиќ да манипулира треба да и одговори на јавноста, кој е придонесот на неговиот шеф за Македонија да се најде на 106-то место според Транспаренси Интернешнл во друштво со Монголија, Брегот на Слонова Коска и Египет?
Живковиќ треба да одговори, велат од оваа партија, зошто граѓаните на Република Македонија земаат најниска просечна плата на Балканот?СДСМ нека не молчи за секојдневните афери кои се откриваат, а се вмешани Заев и нивното цело раководство.
„Крајот на СДСМ се повеќе се ближи. Решението граѓаните го знаат, а тоа е дека Зоран Заев и СДСМ мора да паднат од власт и никогаш повеќе да не се вратат.
Секогаш кога СДСМ е на власт, Македонија тоне на секое поле.По 12-ти април следува обнова на Република Македонија заедно со ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.