Трипуновски откри нова злоупотреба на службената должност: Кадрите на СДСМ во земјоделието се привилегирани и за нив не важат законите

На денешнава прес-конференција сакам да обелоденам како функционираат кадрите на СДСМ со земјоделското земјиште и како го узурпираат и го делат до луѓе блиски до власта, ова денеска на прес-конференција го истакна дополнителниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски.

-Денеска како пример ќе го наведам раководителот на подрачната единица во Свети Николе и Дејан Гичев. Тој во документацијата до која што дојдов јас видов дека на име на својата сопруга си има доделено земјоделско земјиште во атарот на Свети Николе исто така и на сопругата на градоначалникот на општина Лозово има доделено земјоделско земјиште во атарот на Свети Николе. Она што е симптоматично во овие два договори е дека и по двете укажувања до министерството за неплатена закупнина на истите им е дадена само фактура за да платат камата по основ на неплатена закупнина додека на сите останати земјоделци во Македонија кои што имаа еден ден задоцнување министерот Трајан Димковски се фалеше по медиумите дека на истите земјоделци им го има раскинато договорот.

Тој додава дека ова е пример дека кадрите на СДСМ се привилегирани во делот на законите кои што треба да бидат важечки за сите.

Деталите од овој скандал можете да го погледнете и во продолжение од прес- конференцијата на Трипуновски.