Дојава за бомба во Сити мол, се евакуираат вработените и посетителите

Евакуација се одвива во трговскиот центар Сити мол.

Вработените и посетителите го напуштаат трговскиот центар лоциран во Карпош.

Од МВР информираат дека од Сити мол околу 12 часот добиле повик за дојава за поставена бомба во трговиот центар.

-Екипи на МВР од Единицата за антитероризам се излезени на терен. Во тек е проверка на пријавата, информираат од МВР за КУРИР.