Франција го потврди петтиот случај на зараза со коронавирусот

Петтиот случај на зараза со новиот коронавирус кој се појави во Кина е потврден на територијата на Франција, изјави во средата за новинарите министерката за здравство Ањес Бузин.

„Петтиот случај на инфекција е регистриран во Франција. Станува збор за ќерка на кинески турист. Таа сега се наоѓа на одделот интензивна нега во болницата во Бише“, изјави Бузин, пренесува телевизијата BFMTV кога додава дека станува збор за ќерката на 80-годишниот Кинез кој беше хоспитрализиран во Франција.

Според француската министерка за здравстивм, во четврток „ќе биде организирана работа еекспертска група, коај ќе ја спеди епидемиолошката сутуација“.

Бузин, исто така, рекла дека „состојбата на едно од заразените лица во болница во Париз се влошилам, и поради тоа било префрлено на одделот за интензвина нега“.

Министерката потсти дека во средата вечерта кон Кина полетла воеа авион со екипа од дваесетина француски лекари. „Во петок со истиот авион во татковината ќе бидат вратени околу 200 француски државјани“, додала Бузин.

Според последните извештаи, од новиот коронавирус – 2019-nCoV, кој се појави кон крајот на декември во кинескиот град Вухан, досега во Кина се заразени 5.974 лица, од кои 132 починале. Појавата на новиот сој коронавирус е потврдена во 15 земји во светот, а на европскиот контитент, покрај петте случаи во Франција, потврден е и еден во Германија.