Владата никако да го препознае инвестицискиот капитал на Катар

Погрешните економски политики ја чинеа актуелната власт низок раст на странски инвестиции, споредбено со земјите од регионот кои се со далеку подобри резултати.

Во првите два квартала на 2019 година имаме 48,7 милиони евра странски директни инвестиции, додека пак Србија има 1,7 милијарди евра, Словенија 561 милион, а Бугарија 286 милиони евра.

Иако, повиканите министри и советници за привлекување на странски инвестиции, кои не си ги завршија работните задачи за кои патем редовно им се исплаќаат народни пари, го тврдат спротивното, факт е дека најголем дел од странските инвестиции во нашата земја, практично се реинвестиции на компании кои се веќе во државата.

За Македонија е особено штета што и покрај бројните најави, не успеа да воспостави економска соработка со Катар, втората најбогата земја во светот. Владата најавуваше економска соработка со Катар во градежништвото, земјоделството, туризмот и во енергетиката, но, значајна конкретна инвестиција сѐ уште нема.

Катар е ден од најмоќните деловни центри во современиот свет. Тоа е земја каде просечната месечна плата е 11.500 американски долари, што го прави Катар прв меѓу земјите од Заливот. Како сопственик на третина од светските резерви на природен гас, Катар е најголемиот извозник на енергија во светот, со резерви на нафта над 15 милијарди барели.

Од друга страна, недоволната заинтересираност и ангажираност токму од владините советниици и министри за привлекување на странски инвестиции, вклучително и на македонскиот мабасадор во Катар, во една реченица се потврдува во интервјуто на Елени Коровеш, охриѓанка која живее и работи во Катар повеќе години и високо котира во финансискиот сектор во оваа богата земја. Таа е  финансиски аналитичар во групацијата Al Jassimya Investment и член на управниот комитет на организацијата „Жени во инвестициското управување“.

Во интервју за Факултети.мк, Елени посочува дека дипломатските претставници на нашата земја во Катар, не прават многу да воспостават економка соработка со земјата која поседува голем капитал и голем број на инвеститори.

„За жал, досега навистина не сретнав ниту еден претставник од нашата амбасада на ниту една локална конференција за инвестиции и народна економија. Оваа земја во моментов има инвеститори и капитал кој може да биде наменет за развојни и капитални проекти и увоз од секаков вид, но едноставно ваквата наша надворешна политика не го препознава и решава тоа“, вели Коровеш за Факултети.мк.