
Изгледите републиканците да го прифатат барањето на демократите и да дозволат други сведоци на судењето за отповикување на претседателот Доналд Трамп во американскиот Сенат се сѐ помали, со што се зголемува можноста претседателот да биде ослободен од обвинувањата уште во петокот.
Сенаторите во средата му поставуваа прашања на адвокатскиот тим на Трамп и демократските пратеници од Претставничкиот дом коишто во расправата за импичментот на претседателот учествуваа како „тужители“.
Белата куќа се спротистави на најавеното обајвување на книгата на поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон, кој тврди дека Трамп ја имал наводно централната улога во политички мотивираната кампања на притисок врз Украина.
Републиканскиот сенатор Џон Барасо, кој е трет по рангот, рече дека е моќно судењето на Трамп да заврши во петок и дека демократите не ја оствариле својата цел, а тоа е да повикуваат сведоци.
„Јасно се оди кон конечна одлука во петок. Тоа гласање ќе се одржи во петок“, рече Барасо, иако признава дека уште неколку републикански сенатори сакат да ги слушнат одговорите на прашањата.
Запрашан кога во петок би можело да се одржи гласањето за да се заврши расправата за повикување на сведоците и да се мине на носењето одлука за судбината на Трамп, Барасо одговори дека веројатно ќе се одржи во петок попладнето или подоцна истиот ден.
И други републикански сенатори предвидуваа сличен исход во разговорите со медиумите, во текот на паузите на судењето во средата. Рекоа дека дел од нивните колеги и натаму сакаат да ги слушнат одговорите на свотие прашања во четврток.
На демократите им се потребни четири гласа од републиканските сенатори, за да имаат мнозинство за изгласување да се повикуваат сведоци. Се очекува дека Санатот ќе го ослободи Трамп, но дозволувањето сведоци како Болтон би можело евентуално да му нанесе политичка штета пред изборите на 3-ти ноември.