Четири победи на домаќините во НБА

Кошаркарите на Милвоки Бакс славеа над Феникс Санс со 129:108, а домаќините победија на сите четири натпревари одиграни во НБА лигата ноќта кон понеделникот.

Јанис Антетокумпо за 42-та победа на Бакс постигна 30 коша, 19 скокови и 9 асистенции, а Крис Мидлтон додаде 25 поени. Стрелците на Феникс ги предводеше Девин Букер со 32 коша, а Деандре Ејтон додаде 20 поени со 14 скокови.

Најнеизвесниот натпревар со одигра во Детроит, каде што домашните Пистонс во продолжението ги надиграа фаворизираните Денвер Нагетс со 128:123. Центарот на домашните Андре Дамонд постигна 21 кош со 17 скокови, а имаше поддршка од Реџи Џексон со 20 поени, Брус Браун со 19 коша 10 скокови и 8 асистенции, Денвер ги предводеше Никола Јокиќ со 39 коша, 11 аситенции и 10 скокови.

Хјустон Рокитс ја прекинаа победничката серија на Њу Орлеанс Пеликанс, и ги победија со 117:109. Џејмс Харден со 40 коша, 20 скокови и 9 асистенции ги водеше победниците, а по 22 коша постигнаа Расел Вестбрук и Бен Меклемор. Брендон Инграм со 28 поени и 12 скокови беше најдобар кај Пеликанс, за кои Зион Вилјамсон додаде 21 поен со 10 скокови.

Актуелниот шампиони Торонто Рапторс во својата сала со 129:102 ги победија Чикаго Булс. Теренс Дејвис со 31 кош ги водеше домашните кај кои се издвоија и Паскал Сиакам со 17 и Серж Ибака со 16 поени. Тадеус Јанг со 21 кош беше најдобар стрелец кај Булс.

РЕЗУЛТАТИ 02.02.2020

Милвоки – Феникс 129:108
Детроит – Денвер 128-123 (продолжување)
Хјустон – Њу Орлеанс 117:109
Торонто – Чикаго 129:102

 

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија
1. Торонто 36 14 .720 –
2. Бостон 33 15 .688 2
3. Филаделфија 31 19 .620 5
4. Бруклин 21 27 .438 14
5. Њујорк 14 36 .280 22

Централна дивизија
1. Милвоки 42 7 .857 –
2. Индијана 31 18 .633 11
3. Чикаго 19 33 .365 24 1/2
4. Детроит 18 33 .353 25
5. Кливленд 13 37 .260 29 1/2

Југоисточна дивизија
1. Мајами 33 15 .688 –
2. Орландо 21 28 .429 12 1/2
3. Вашингтон 17 31 .354 16
4. Шарлот 16 33 .327 17 1/2
5. Атланта 13 37 .260 21

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Северозападна дивизија
1. Денвер 34 16 .680 –
2. Јута 32 17 .653 1 1/2
3. Оклахома Сити 30 20 .600 4
4. Портланд 23 27 .460 11
5. Минесота 15 33 .313 18

Пацифичка дивизија
1. ЛА Лејкерс 37 11 .771 –
2. ЛА Клиперс 34 15 .694 3 1/2
3. Феникс 20 29 .408 17 1/2
4. Сакраменто 18 31 .367 19 1/2
5. Голден стејт 11 39 .220 27

Југозападна дивизија
1. Хјустон 31 18 .633 –
2. Далас 30 19 .612 1
3. Мемфис 24 25 .490 7
4. Сан Антонио 22 26 .458 8 1/2
5. Њу Орлеанс 20 30 .400 11 1/2