Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Брисел ќе присуствува на Собрание на ЕНП

„Во Брисел на средби на ЕНП- да ја кажеме вистината за Македонија, Европа не сака корумпирани политичари!

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на Политичко собрание на Европската народна партија

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ составена од Потпретседателот Александар Николоски, членот на Извршниот комитет Влатко Ѓорчев и Меѓународниот Секретар Тимчо Муцунски ќе присуствува на првото Политичко собрание на Европската Народна Партија за 2020 година.

Политичкото собрание ќе стави примарен фокус на внатрешните процеси во Партијата како и состојбите во Европската унија пост-Брегзит. Се очекува претставниците на најмоќното политичко семејство во ЕУ да се осврнат и на иднината на процесот на проширување.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на посетата ќе оствари повеќе средби со раководството на Европската народна партија како и членови на Европскиот Параламент“, напиша Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.