(ФОТО) Лондонски Сохо евакуиран поради заостаната бомба од војната

Дел од лондонскиот кварт Сохо беше блокиран во понеделникот откако е откриена, како што се претпоставува, граната заостаната од Втората светска војна, пренесува телевизијата Sky News.

Според извештајот на телевизијата, експлозивнатата направа била пронајдена во близина на хотелот Сохо, кој се наоѓа во Вест-Енд, крај во кој има многу продавници и забавни објекти.

Сите минувачи, како и посетителите на бројните пабови, барови, ресторани и продавници во квартот се евакуриани зад безбедносниот периметар. Според телевизијата, на местото на откривањето на гранатата веќе пристигнале стручњаци за уништување експлозиви.

Локалите и фирмите кои се наоѓаат во областа, на социјалните мрежи информираа дека се затворени и упатуваат корисниците да ги следат упатствата на полицијата. Малку пред 17 часот по локално време, полицијата во Сохо соопшти дека улиците во областа сѐ уште е затворени и дека не можат да дадат „никаква времеснка рамка кога повторно ќе бидат отворени“ за граѓаните.

Полицијата била повикана рано попладнето во понеделникот, откако гранатата била откриена на градилиште.