
Најмалку четиринаесет деца загинале во стампедо во училиште кога по часовите се стрчале по скалите, извести весникот The Daily Nation повикувајќи се на полициски извори.
Уште четириесеттина деца се тешко повредени во инцидентот кој се случил во основно училиште во Какамега, пренесува весникот цитирајќи го началникот на покраинската полиција, Перис Кимани.
„Изгубивме 14…. Кога децата тргнале дома по училиштето започнало стампедото по скалилата“, изјавиле министерот за образование Џорџ Магоха и портпролот на кенискиот Црвен крст, Питер Бавао за телевизијата Citizen TV.
Весникот The Daily Nation пренесува дека во метежот и паниката, некои деца паѓале од најгорниот трет кат на училиштето. Весникот објави фотографија на загрижените родители пред локалната болница во очекување на информации за нивните деца.
Засега не е јасно што ја предизвикало гужвата меѓу децата и трагичното стампедо.
„Отворивме истрага за да утврдиме што точно се случило“, рекол началникот на полицијата на областа Какемега, Давид Кабена.