
Во Скопје вечерва дува силен ветер со брзина од околу 70 километри на час. Во делови од градот има откорнато покриви и дрвја кои го попречуваат сообраќајот. Во скопската населба Хром кратко време имало и премин на напојувањето со електрична енергија.
На социјалните мрежи се појави и фотографија од паднат кров во Карпош 4.
Во неколку скопски општини имаше и откорнати дрвја, бутнати канти за отпадоци и расфрлано ѓубре.
Град Скопје на официјалната Фејсбук страна ги предупреди граѓаните да се воздржат од непотребни излегувања од домовите и да избегнуваат прошетки под дрвореди, а возилата да не ги паркираат под крошните на дрвјата.
– Градските екипи се подготвени за расчистувањето на снегот, а од „Паркови и Зеленило“ се веќе на терен каде ги подигнуваат паднатите гранки и дрвја, пишува на официјалната страна на Град Скопје на Фејсбук.
Управата за хидрометеоролошки работи најави од вечерва промена на времето со пад на температурите, дожд и снег.