
Европската комисија (ЕК) ја предложи во средата новата и построга методологија за пристапните преговори за членство во Европската унија, што беше условот на Франција за отворање на преговорите со Македонија и Албанија.
Франција во октомври минатата година, поддржана од Данска и Холандија, го блокираше отворањето на преговорите со Скопје и со Тирана, и покрај желбите на другие земји членки и процената на Европската комисија дека двете земји ја завршиле својата домашан задача – владата на Зоран Заев и СДСМ го сметни уставното име на Македонија по барање на Грција, а Албанија спроведувал обемна реформа во правосудството.
Оваа блокада повеќето земји членки и челници на европските институции ја нарекоа „историска грешка“, меѓу другото, и поради сѐ поголемото влијание на Кина и Русија на Балканот. Франција, меѓутоа, беше упрона во тоа дека ЕУ мора да ја промени методологијата на преговорите и истакнуваше дека ниедна од земјите од западен Балкан не прави доволно во борбата со корупцијата.
Главното француско барање беше процесот на преговорите да може да биде ревирзибилен, доколку земјата кандидат за членство започне да назадува во исполнувањето на европските стандари, посочувајќи дека тоа последните години се случувало со Труција чии преговори траат со децении. Во тој случај, преговорите би можело да бидат суспендирани целосно или делумно, а би се намалило и финансирањето од ЕУ.
Денешниот предлог на Европската комисија е многу сличен на „нон-пејперот“, неофицијалниот документ, кој Франција наведувајќи ги своите барања, претходно го испрати на увид на другите земји членки. Што би значело дека тие се согласиле со предлогот на Париз.
Групирање на поглавјата
Главната новост во однос на досегашните процеси на преговори е групирањето на поглавјата во шест тематски целини или кластери. Бројот на поглавјата и натаму останува 35, но повече преговорите не би се отворале поглавје по поглавје, туку кластер по кластер. Со тоа што повеќе тематски целини може да бидат отворени истовремено, односно не мора да се чека затворање на едно за отворање на друго.
Најважниот кластер кој би пребало прв да биде отворен и последен да се затвори носи наслов „темелни прашања“ и ги вклучува владеењето на правото, економските критериуми и реформата на јавната управа. Другите пет тематски целини се „внатрешен пазар“, „конкурентност и вклучив раст“, „зелена програма и одржлива поврзаност“, „ресурси, земјоделие и кохезија“ и „надворешни односи“.
Временската рамка за отворање на групите поглавја и затворањето на поединечните поглавја би требало да биде ограничено, по можност најмногу на една година, зависно од напредокот на реформите, се наведува во предлогот.
Предлогот содржи и поттикнувања за земјите кандидати кои можат да бидат во форма на забрзана интеграција и вклучување во поединечни политики, пазарот и програмите на ЕУ, при што би се обезбедиле рамноправни услови за сите учесници, и зголемувањето на финансирањето и вложувањето. Напредокот во спроведувањето на реформите за кандидатите ќе значи и напредување во процесот.
Санкции
Меѓутоа, Европската комисија предлага и порешителни мерки со коишто би се санкционирала секоја сериозна или долготрајна стагнација или назадување во спроведувањето на реформите и исполнувањето на условите за пристапниот процес.
Преговорите во одредени области би можеле да се паузираат, или дури и потполно да запрат, а веќе затворените поглавја би можеле повторно да се отворат. Придобивките кои може да се остварат со подобрата интеграција, на пример пристап до програмите на ЕУ, исто така, би можеле да бидат ставени на пауза или да бидат повлечени, а обемот и интензитетот на финансирањето од ЕУ би можеле да се намалат.
Реверзибилноста на процесот, едно од главните француски барање, постоеше инаку и досега. Според преговарачки рамки за преговорите со Србија и Црна Гора, за време на пристапните преговори постојано се следи напредокот во поглавјата 23 и 24 кои ги покриваат сферите на внатрешни работи и владеење на правото и во недостиг од напредок можно е да биде суспендиран целиот преговарачки процес и повторно да се отворат привремено затворените поглавја.
Европската комисија воедно најави и дека пред самитот во Загреб во мај, ќе го претстави планот за развој на економијата и планот за вложувања во земјите од западен Балкан. Предлогот на ЕК, исто така, предвидува и почести средби на највисокот ниво со земјите од западен Балкан и поголема вклученост на земјите членки во следењето на напредокот на земјите кандидатки.
Отворање на преговорите
Европската комисија очекува земјите членки да ја усвојат новата стратегија и да донесат одлука за отворање на преговорите со Македонија и Албанија пред самитот ЕУ – западен Балкан, на 6-ти и 7-ми мај во Загреб, но дали Франција и другите земји, во прв ред Данска и Холандија, ќе бидат задоволни со овие предлози доправа треба да се види.
Комисијата, исто така, до крајот на јануари ќе го објави дополнителниот извештај за напредок на Македонија и Албанија, што, исто така, би требало да го олесни носењето на одлуката во Советот на ЕУ за почетокот на преговорите.
Самата одлука за отворање на преговорите најверојатно нема да значи дека тогаш преговорите и ќе бидат отворени, туку само ќе се одредат датумите, при што во Брисел сметаат дека Македонија би можела да добие значително поран датум од Албанија.
Новата методологија би требало да биде вградена во преговарачките рамки за Македонија и Албанија. Европскиот комесар за прпоширување, Оливер Верхалји, истакна дека промените не се предложени само за да се задоволи Париз, „Тоа не е само француско, тоа е европско прашање“, рече.
Кога станува збор за Србија и Црна Гора, кои веќе ги водат преговорите, на нивна волја е оставено дали ќе ја користат новата методолига или ќе ги продолжат преговорите како и досега.
На новинарско прашања дали на овој начин се создаваат две групи на првите две земји во кои мнозинството христијани и муслимани, при што Македонија е ставена во групата со мнозинско муслиманско население со Албанија, БиХ и Косово, што го загрижува Балканот, Вархелји истакна дека станува збор за „многу чуден впечаток“.
„Тоа воопшто не е намерата на Европската комисија, туку работата е во тоа што Србија и Црна Гоата веќе преговараат и не ‘фер-плеј’ да се менуваат правилата додека натпреварот е во тек“, рече еврокомесарот за проширување.