Ливерпул мина во ФА купот и со младиот тим

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во петтиот круг од англиски ФА куп, откако во повторениот натпревар нивната младата екипа славеше против третолигашот Шривсбери со 1:0, а едниствениот погодок беше автогол на несреќниот бек на гостинската екипа Ро-Шон Вилијамс во 75 минута.

Ливерпул во петтиот круг ќе гостува кај Челзи на „Стенфорд Бриџ“.

Во основнито дел од натпреварот пласман натаму обезбеди Дерби Каунти кој пред своите навивачи ги победи Нортпамптон со 4:2. Четвртиот погодок за домашните ги постигна Вејн Руни од пенал, а Дерби во следниот круг ќе биде домаќин на неговиот поранешен клуб Манчестер Јунјатед.

Тројца победници беа добиени по продолженијата. Кардиф против Рединг го пропушти водството од 2:0. Кардиф поведе во продолжението со 3:2, но Рединг израмни и на крајот мина благодарејќи на подоброто изведување на пеналите, откако првите двајца домашни изведувачи беа непрецизни, а сите четворица гостински играчи погодија. Второлигашот Рединг е домаќин на Шефилд Јунајтед во петтиот круг.

Истото го стори и Њукасл кој на гостувањето кај треролигашот Оксфорд до 84 минута имаше два гола предност. Домашната екипа во продолжувањето избори продолжение со голот на Холанд во четвртата минута од судиското продолжение. Сепак, прволигашот обезбеди пласман со голот на Сен-Максимен во 116 минута. Њукасл во петтиот круг од ФА купот ќе гостува кај Вест Бромвич Албион.

Бирмингем против Ковентри израмни со голот на Дин во втората минтуа од судиското продолжение, но Биаму со голот во 114 минута повторно ја врати предноста на гостите. Бирмингем избори пенали со голот на Бел во 120 минута. Бирмингем среќата ја наплати во пенал серијата во која гостите имаа две промашувања во првите три обиди, а четврицата домашни изведувачи беа прецизни. Бирмингем во следниот круг гостува кај Лестер Сити.