
Говорот за состојбата на нацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот ја покажа целата длабочина на поделбите во американското општество, што го истакна симболично челничката на демократите Ненси Пелоси која демонстративно ја искина копијата од говорот на претседателот кој, пак, рече дека нацијата е посилна како никогаш претходно и ги претстави економските резултати.
Трамп го започна говорот за состојбата на нацијата пред двата дома на Конгресот, велејќи дека пред три години е започнато „големото американско враќање“, истакнувајќи дека „State of the Union“ годинава ќе го посвети на економијата.
„Годините на економското назадување минаа. Одиме нанапред со брзина којашто до пред кусо време беше незамислива и никогаш нема да одиме нанзад“, рече Трамп.
Американскиот претседател на говорницата во Конгресот излезе во 3 часот по македонско време и зборуваше малку помалку од час и половина, ден пред Сенатот да даде конечна пресуда за неговото можно отповикување од должноста.
Ова беше првпат претседателот Трамп да се најде лице в лице со претседателката на парламентот Ненси Пелоси, највисоко рангираната политичарка од редовите на демократите, откако таа најави дека против него ќе биде покренат процесот на импичмент. Тој ѝ ја предаде копијата од говорот, но не се ракуваше со неа, иако таа му пружи рака.
Во третото, можеби последно обраќање до нацијата ако во ноември не успеа да го освои вториот мандат, Трамп ја искористи можноста и да испрати пораки кои можеби ќе бидат важни за можниот негов реизбор.
„Единствени победи кои се важни тука во Вашингтон се победите за Американците“, рече Трамп нагласувајќи ги позитивните економски резултати. Меѓу нив истакна дека рекорден број млади луѓе имаат работа, а дека невработеноста кај ветераните паднала, исто така, на рекордно ниско ниво.
Трамп ги фалеше успесите од неодамна склучените тровски договори, истакна дека САД станаа први во светот по производството на нафта и гас, дека границите се безбедни, вредностите и националната гордост се обновени, и ги истакна вложувањата во војсата.
„Конечно успеавме да ги увериме нашите сојузници да плаќаат чесен удел во НАТО“, истакна Трамп. Со тоа алудираше и на безуспешниот обид на неговиот демократски претходник Барак Обама да издејствува од сојузниците во Алијансата да издвојуваат над 2 отсто од својот бруто домашниот производ (БДП) за одбраната, што досега го остварија помалку од третина од членките.
„Спротивно од толкумина пред мене, јас се придржувам до ветувањата“, посочи Трамп. Притоа беше постојано прекинуван со аплаузи и повици на одобрување од републиканците.
Додека демократската опозиција главно речиси здрвено седеше. Некои демократски пратенции одбија да присуствуваат на годишното обраќање на претседателот, меѓи ни и Алескандрија Оказио-Кортез,.
Патот на Марс, за терористите и социјализмот
Трамп повика на финансирање за Содединетите држави да бидат првата земја која ќе биде присутна на Марс. „Америка ќе биде првата нација, којашто ќе го стави своето знаме на Марс“.
Претседателот вети дека ќе го заштите уставното право на американските граѓани да носат оружје, а на терористите им порача: „Никогаш нема да ја избегнете правдата ако тргнете на американските животи“. Во смисла на неодманешните ликвидации на водачот на ултрарадикалната џихадистичка организација Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади во Сирија и на влијателниот ирански воен командант Касем Сулејмани во Ирак.
Трамп ги нападна некои од предлозите за здравствената реформа за која дискутираат демократите. „Никогаш нема да дозволиме социјализмот да го уништи американското здравство“, порача.
Се пофали и со неодамна објавениот мировен план за решавњето на израелско-палестинскиот конфликт, но кој не е прифатен во светот. Рече и дека е уништен калифатот на Исламската држава.
Трамп како успех го наведе и градењето на ѕидот кој треба да го спречи влегувањето во САД на илегалните имигранти. Ги нападна мигрантите без документи и рече дека таквите „брзо ќе бидат исфрлени од земјата“.
А меѓу гостите на говорот за состојбата на нацијата беше и венецуелскиот опозициски челник Хуан Гуаидо, кого Вашингтон ги признава за привремен шеф на државата откако овој за тоа се самопрогласи минатата година.
Раката на Пелоси остана да виси во воздух, но го искина говорот
Гестот на претседателката на долниот дом на Конгресот – Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси, всушност ја сумира вжештената атмосфера на Капитол Хил, каде што Трамп со говорот од час и 18 минути веројатно ги зголеми во добар однос своите шанси за освојување на вториот претседателски мандат.
Говорот „State of the Union“ наместо традиционално политичко примрје го одрази до невидени размери разгорената политичка војна во САД во пресрет на ноемвриските избори. Трамп сѐ уште беше на говорницата, и само што заврши со говорот кога Пелоси, којашто стоеше зад енго, ја подигна копијата од неговиот говор и демонстративно ја искина. „Тоа беше пристојна опција, земајќи ги предвид алтернативните“, им рече подоцна на новинарите.
Веројатно потегот на Пелоси, којашто го водеше процесто со кој се демократите се обидуваат да го отповикаат републиканскиот претседател, беше предизвикан од тоа што пред говорот Трамп одби да се ракува со неа. Пелоси ја подаде раката, но раката осната да виси во воздухот, бидејќи Трамп се заврте.
Демократите го отфрлија говорот за „големото американско враќање“ и не им се придружија на републиканците во вообичаените аплаудирања. Некои во знак на протест и свиркаа и излегуваа андвор.
„Претседателот нема почитување. Можеше, од почит, да се ракува со Пелоси. Но, по говорот го во суштина беше предизботен говор, многу мрачен и полн со поделби, мислам дека таа ја направи вистинската работа кога ја искина копијата“, изјави демократот Џим Мекговерн.
Постапката за отповикување на Трампо ќе заврши подоцна во средата во Сенатот, со речиси сигурно негово ослободување од обвинувањата кои ги поднесе демократското мнозинство во Претставничкиот дом. Меѓутоа, тој ниеднаш во говорот не го изговори зборот „отповикување“.
Демократите во полза на Трамп
Трамп во моментов ужива позитивен тренд. Постапката за импичмент поведена од демократите бездруго нема да мине, а во истражувањетона јавното мнение на Instituta Gallup доби 49 отсто позитивно мислење, што е највисок процент откако влезе во Белата куќа во јануари 2017 година.
А во вторникот во своја полза доби уште една голема алатка. Демократските предизбори за номинацијата за неговиот противник во ноември започнаа со најдобар исход за Трамп, со хаос и повторно пребројување на гласовите во сојузната држава Ајова. Поради тоа демократите не можеа да ги објават резултатите на време и го сторија со задоцнување од еден ден, а исходот повторн ги буди соменжите дека како и во 2016 година, челниците на Демократската партија го оневозможуваат сенаторот Берни Сандерс да собере доволно делегати за да ја освои номинацијата.
Американскиот претседател, покрај тоа, во говорот за состојбата на нацијата понудио слика на своето претседателствување која треба да ги поттикне Американците да му дадат доверба за уште еден мандат.
„Најдоброто допрва доаѓа“, беше реченицата со која Трамп го заврши својот говор, а зад него Пелоси во знак на несогласувањто со содржината обраќањето ја искина копијата.