
Авион кој во средата слетал на истанбуслкиот аеродтром „Сабина Ѓокчен“ се излизгал од пистата и се распаднал, но нема загината а 52 лица се повредени, објави турското министерство за внатрешни работи
Авионотoт од типот „Boeing 737-800“ на турската воздухопловна компанија „Pegasus Airlines“ со 171 патник и шест членови на екипажот полетал од Измир за Истанбул а околу 19,40 часот по локално време при слетувањето се излизгал од пистата, при што се распаднал на три дела, а надворешниот дел се запалил, покажуваат кадрите.
Гувернерот на Истанбул, Али Јерликан рече дека на 52 патници се пренесени во аеродромската болница. Додаде дека евакуацијата е во тек.
Како што соопшти министерот за транспорт, Мехмед Џахит Турхан, потврдено е дека во инцидентот нема загинати. Додаде дека турското јавно обвинителство започнала истрага за хаваријата.
https://www.youtube.com/watch?v=5dd78SsvIZk
https://www.youtube.com/watch?v=ygBGz1l8QL0