ВМРО ДПМНЕ поднесе иницијатива за распуштање на Собранието

ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за распуштање на Собранието. Овој потег на опозицијата доаѓа во пресрет на предупредувањата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека Собранието може да не се распушти доколку не се гласа Законот за јавното обвинителство. Опозицијата го обвинува Заев дека не сака функционален закон за Обвинителството.

СДСМ ја смета иницијативата на ВМРО ДПМНЕ како акција против националните интереси. Според социјалдемократите, дури и ако Собранието не се распушти на 12 февруари, датумот на изборите не е загрозен.

Работните групи ги замрзнаа активностите за усогласување на текстот на Законот за јавното обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ не предлага амандмани, туку бара експерти да го подноват новиот Закон. Власта не го прифаќа нивното барање. Од Министерството за правда не соопштија кога текстот ќе биде доставен до Владата, а потоа и во собраниската процедура. Амандмани на текстот на законот најавија и група пратеници независни од ВМРО-ДПМНЕ.