
На денешното рочиште за „Рекет“ се прикажуваат фискални сметки на првообвинетиот Бојан Јовановски, на кои се гледа дека тој купувал скапи брендирани продавници во Милано, Италија. Има 26 фискални сметки за поврат на данок, кои се од 10, 14, 26 илјади евра… направени во периодот од 25 до 27 февруари 2019 година. Потрошени биле вкупно 148,036 евра. Дел од сметките се на Јасмина Јовановски, мајката на Боки 13, а дел на обвинетиот.
Обвинителството со покажувањето на сметките сака да докаже дека се работи за перење на пари од страна на Јовановски. Адвокатот на првообвинетиот Бојан Јовановски во случајот „Рекет“, Сашо Дуковски имаше приговор во врска си изведените доказни материјали. Според него, доказите биле „само за да се направи сензација пред јавноста“.
Обвинителката Ивана Трајчева прочита серија сметки за „tax free“ во износ од 3.605 евра, 890 евра, 9.880 евра, 675 евра, 9.570 евра, 5.800 рвра, 7.980 евра, 9.915 евра, 7.865 евра…
Во понатамошниот тек на денешниот процес беа презентирани одредени комуникации меѓу Бојан Јовановски со Катица Јанева, Камчев, Ременски и со Дејан „Пелистерка“.