
Повеќе од 60.000 тони високорадиоактивен нуклеарен отпад се складирани во привремени објекти во Европа, капацитетите за негово складирање се ре;иси пополнети а долгорочно решение нема на повидок, покажува извештајот на германската фондација „Heinrich Boell“.
Нуклеарната енергија е важен но и контроверзен извор на енергија во многу европски земји. Нејзините приврзаници ја сметаат за алтернатива на штетните фосилни горива, а противниците го поставуаат прашањето за одложување на отпадот кој може да ги задржи радиоактивните а со тоа и канцерогените својства со илјадници години.
Финска е единствената земја во светот којашто има намера да изгради траен капацитет за одлагање на нуклеарниот отпад, се наведува во извештајот на споменатата германска фондација, која е поврзана со партијата Зелени.
Постојните капацитети за складирње на нуклеарниот отпад со средно и високо ниво на радиоактивност „не се предвидени на подолг рок“, истакнуваат авторите на извештајот. Во Европа во 2016 година повеќето од искористеното нуклеарно гориво, 81 отсто, било складирани во разладните базени кој се помалку од сигурни од сувите складишта, истакнуваат.
Полека во Европа снемува простор за складирање, открива ова истражување, па така во Финска се искористени 93 отсто од расположивите капацитети за складирање, а во Шведска до 80 отсто. Многу земји воопшто не ги објавуваат овие податоци, предупредуваат авторите.
Повеќе од 75 отсто од европскиот нуклеарен отпор го генерираат Франција – 30 отсто, Велика Британија – 20 отсто, Украина – 18 отсто и Германија – 8 отсто, покажува истражувањето, кои делумно почива на податоците од Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA).
Извештајот не ги опфатил Русија и Словачка, од каде не можело да се дојде до податоци, според агенцијата DPA.