
Владата ќе троши 20 милиони денари за шетање и авионски карти, но нема пари да го реши случајот со вработените во Охис и Еврокомпозит, за кои нема плати, пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
„Железничарите штрајкуваат поради немање на плати, но Владата не се откажува од скапи авионски билети за себе.
Знаеме дека нема пилот во авионот на Владата, но има авио-карти кои се скапо платени.
Тоа е тој познат двоен стандард на расипничко трошење на народните пари. 20 милиони денари за шетање низ светот и авио-карти, но ниту денар повеќе за македонскиот земјоделец кому министрите од владата му викаат “од мотиката подалеку” … и нула денари за болниците кои наликуваат на преградие во некоја афричка провинција.
Тоа е тоа наводно блескање на Заев“, напиша генералниот секратар на опозициската партија.