Бутиџиџ и Сандерс ѕвезди на дебатата пред предизборите во Њу Хемпшир

Пит Битиџиџ (л) и Берни Сандерс

Пит Бутиџиџ и Берни Сандерс се ѕвездите на осмата дебата на кандидатите за претседателската номинација на Демократската партија за изборите во ноември која се одржа во Манчестер, четири дена пред предизборите во сојузната држава Њу Хемпшир и по речиси израмнетите разултати од гласањето во Ајова каде сепак победи 38-годишниот поранешен градоначалник на Саут Бенд во Индијана пред 78-годишниот сенарот од Вермонт.

Седум кандидати се квалификуваа за осмата изборна дебата, која почнува изборна дебата, којашто започнува во 1 часот по полноќ по средноевропско време. Двајцата победници од предизборите во Ајова ќе бидат цел на другите кандидати, особено на сенаторката од Елизабет Ворен од државата Масачусетс, која беше трета во Ајова, и на поранешниот потпретседател Џо Бајден кој самиот, а и демократската елита го смета за фаворит, но кој беше најголем губитник и заврши како четврти на првото предизборно гласање.

Пит Бутиџиџ изненади победувајќи го тесно Берни Сандерс во претежно белечката и рурална Ајова, а кој важи за социјалист.

Официјалните резултати од предизборите во Ајова беа објавени дури во четвртокот, бидејќи според официјалното образложение на Демократската партија имало проблеми со апликацијата за пребројување на гласовите. Но тоа повторно ги поттикна размислувањата за опструкции како на предизборите кај деморкатите во 2016 година, кога беше на WikiLeaks објавена тајната преписка на Националниот демократски комитет (DNС) од врвот на партијата во кој се даваат инструкции како да се саботира сенаторот Сандерс во полза на Хилари Клинтон која подоца беше изнандувачки поразена од републиканецот и актуелен американски претседател Доналд Трамп.

Ајова направи нова диnaмика за двајцата кандидати кои доаѓаат израмнети во Њу Хемпшир, покажува анкетата која во четвртокот ноќта ја објави весникот The Boston Globe. Популарноста на Бутиџиџ постојано расте по изборите во Ајова и со 23 отсто од гласовите е веднаш зад Сандерс кој има 24 отсто. Елизабет Ворен остана на 13 отсто, додека Бајден и натаму е на 11 отсто.

Локалниот пратеник, дипломец на престижните универзитети, војник на боиште и нескриен хомосексуалец, ја поздрави во четвроток во текот на предизборниот собир „извонредната седмица“ кој „потполно ја наелектризира“ кампањата. „Но новите избори почнуваат во вторник во Њу Хемпшир“, истакна Бутиџиџ.