СДСМ во паника напладне шири дезинформации, попладне сее говор на омраза

Реакциите на водството на СДСМ и на осмислувачите на нивната кампања за претстојните избори веќе покажуваат дека имаат намера да ги искористат сите алатки на она што се нарекува валкана подземна кампања, со лиферување невистини а со бескрупулозни навреди да ги диксредитира противниците. Но сетот тоа јасно покажува дека Заев и неговото друштво се во невидена паника од исходот од гласањето во април.

Иако постојани се поплаките од социјалдемократите за наводна необјективност од страна на медиумите кои не ги поддржуваат нивните политики, повеќе од јасно е дека СДСМ секогаш имал контрола врз медиумите и особено врз нивното уредничко екипирање со лица самопрогласени за компетентни и „правоверни“. Како што наближуваат изборите а анкетите покажуваат дека во моментов благодарејќи, во прв ред на водството на Заев, социјалдемократите и овојпат ќе ги загубат парламентарните избори, сѐ повеќе е јасно дека СДСМ ќе се наврати кон своите добро познати кампањи на дезинформација, лажни вести и конструкции за влакање на сите оние коишто тие ќе ги препознаат како свои противници.

Заев и дежурните тапкачи по плеќи околу него разбираат дека доколку не успеат, а според сѐ судејќи нема, да останат на власт – нивните политички кариери ќе бидат погребани, и тоа веднаш на Бихаќка. А бидејќи кога се дејствува под страв, се прават грешки и неконтролирани потези, станува опасен и за целото општество обидот на СДСМ да направи крајна поларизација, особено меѓу македонскиот дел од гласачкото тело.

Токму изминатата недела имавме можност да видиме како дејствува бескупулозноста на Заев – во случајот со убиството на момчињата кај Смиловското езеро. Со години Заев и неговото најблиско опкружување ширеа дезинформации преки свои луѓе во кафеаните и платените манипуланти на социјалните мрежи упатени кон поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, за негова наводна вмешаност во масакрот. Бесчувствителноста на Заев одеше дотаму што дури и на семејствата на ликвидираните момчиња им ја подметнуваше оваа конструкција со наводно сведоштва од прислушуваните разговори. Но еве по години пред судот самиот Заев рече дека не поседувал ништо што би ја потврдило неговата конструкција а ниту се извини за нанеситени болки на родителите на убиените затоа што ги лажеше.

Откако ова сведочење ја покажа целата негова суштина на ноторен лажго, што е инаку констатација на високорангиран политичар од СДСМ, Заев се обидува сега да ја дефокусира јавноста со други конструкции. А кога нема реални успеси со кои ќе ја води кампањата прибегнува кон ниски удари. Па затоа ги активира лицата кои дали поради пари или поради умствената ограниченост се нафаќаат да му ја исполнат намерата.

Вчерашниот ден беше еден од покарактеристичните кои ја покажуваат намерата на СДСМ. Така, прво беше лиферувана преку своите медиумски инсталаци наводната информација дека се апсат полициски службеници блиски до техничкиот министер за надворешни работи поставен од опозицијата. Особено откако со заминувањето на сега привремениот премиер на СДСМ, Оливер Спасовски, од овој ресор на површината ќе испливаат валканиците правени во МВР изминатите три години.

Интересно е како ова повикување на полицајци во обвинителството се совпадна, следеше само еден ден, со информацијата дека во МВР уште од следната недела нема да им пасоши. А тоа ќе го постави прашањето за тоа како се набавувале и зошто не биле порачани доволни количества од патните и другите лични исправи на македонските граѓани.

Министерот Чуле веднаш реагираше но и предупреди дека постојат сознанија според кои во наредниот период се очекува покрај ваквото, како што вели, изнесување невистини, да се преземаат и други слични активности кои според него се резултат на спрега меѓу параполициски, судски и обвинителски структури.

„ Станува збор за преземање службени дејства по наредба на судија за претходна постапка за лица кои се вработени во Министерството за внатрешни работи и истите се распоредени на соодветни работни места со решенија од претходните министри и никако не се поврзани со мојот тим или пак мојот кабинет. Лицата немаат добиено било какви решенија од моја страна. Уште еднаш напоменувам дека изнесените наводи во медиумите се лага и конструкција смислена од претходното раководство на министерството за внатрешни работи“ појасни Чулев во својата објава за јавноста.

Не мина долго СДСМ продолжија со сличните активноста, па во дневниот весни во сопственост на Александар Родиќ еден од првите лица кои Заев ги прими во својот кабинет, беше објавен статус со налудничав антисемитски напад на Бранко Тричковски, човек кој единствено постои за да го мрази ВМРО и историското, и сѐ што е поврзано со оваа партија. „Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи!“, напиша Тричковски на фејсбук алудирајќи на сагашната министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи со еврејско потекло, а именувана од ВМРО-ДПМНЕ.

Дека ваквата крајно навредлива објава е резулатат на анимозитетот кој го шири врхушката на СДСМ покажуваат и реакциите со поддршка на пишувањето на Тричковски кои доаѓаат од лица кои на своите профили го величат Заев и СДСМ.

На оваа реагираа од Македонската асоцијација на новинари (МАН) кои најостро го осудија ваквата објава, но и потсетија дека не е првпат Тричковски, но и другите новинарски маши на СДСМ, како Орданоски и Џабир Дерала да шират говор на омраза и навреди кон политичките противници на социјалдемократијата.

„Не е прв пат лицето Бранко Тричковски да шири говор на омраза, овој пат антисемитски. Тој постојано повикува на убиства, ликвидации, се заканува со насилство, и кон колеги новинари, и кон преставници на институции. Јавниот обвинител Љубомир Јовески не виде причина за кривична одговорност на ова лице во изминатите години. Ги повикуваме останатите обвинители да не ги затвораат очите пред неговото јавно ширење на говор на омраза, повиците за насилство и убиства. Го повикуваме МВР по службена должност да преземе активности за санкционирање на лицето Бранко Тричковски. Истовремено, бараме од менаџментот на “Слободен печат“ јавно да се оградат од ставовите на лицето Бранко Тричковски и да ја прекинат соработката со него. Во спротивно, тие стануваат соучесници во истото“, велат од МАН.

Реагираа и до ВМРО-ДПМНЕ, а дури откако имаше жестоки реакции во јавноста и се јавија и до СДСМ со штуро и бледо соопштение дека „најостро ги осудуваат сите облици на говор на омраза, антисемитизам и какво било друго директно или индиректно омаловажување или дискриминирање на поединци или групи. Апелираме на високо ниво на одговорност во јавните комуникации, се вели во реакцијата на СДСМ на статусот на Бранко Тричковски.

Меѓутоа од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и неговиот претседател Младен Чадиковски, како и од синдикатот на новинарите, сѐ уште нема реакција. А, да потсетиме во 2016 година токму ЗНМ и ССНМ, бараа кривично гонење од јавното обвинителство за новинарот Миленко Неделковски, токму за „ширење помраза и загрозување на сигурноста на граѓаните“, затоа што како предавнции посочил свои колеги. Изостануваат и осуди од невладините огранизации, како Хелсиншки комитет или Цивил, кои земаат дебели пари за наводни кампањи против ширењето омраза. Но јасно е дека тие реагираат само доколку треба да се оцртнат или осудат пролитичките противници на СДСМ.

Од Јавното обвинителството, исто така, нема реакција за конкретниот антисемитски чин, кој во најголем дел од светот кривично се гони.