Србија стави рампа за вработувања на медицински лица во Германија

Медицинските сестри се враќаат во јавното здравствo

Српскиот министeр за труд, вработување, боречки и социјални прашања Зоран Ѓорѓевиќ, информира дека е стопиран конкурсот за вработување медицински сестри и техничари од Србија во Германија, пишуваат српски медиуми.

Тој рекол дека следната година и формално ќе се раскине договорот со Германија според кој се објавувани конкурсите за работа на медицински сестри од Србија во таа земја.

– Дотогаш конкурсите за заминување на медицинарите ќе бидат стопирани, истакнал Ѓорѓевиќ и додал дека Германија нема да прави проблем поради стопирањето на конкурсот.

Таа мерка е дел од програмата на Владата на Србија како да го намали заминувањето на работниците, пред се од дефицитарните струки, од Србија во други земји.