Хаос во Собрание: Владата го повлече предлог законот за ЈО

Откако речиси четири часа доцни почетокот на седницата за предлог законот за јавно обвинителство поради спорење на текстот доставен до Собрание, Владата го повлече предлогот.

Со допис до претседателот на Собранието премиерот на техничката Влада, Оливер Спасовски го информира дека Владата го повлекува предлог законот и испраќа нов текст којшто, како што се вели во дописот, е технички корегиран.

Инаку, во текот на целиот ден СДСМ и ДУИ преговараат околу текстот на законот откако интегративците, како и БЕСА и Алијанса за Албанците информира дека нема да гласаат бидејќи предлогот не е ист со оној којшто бил утврден на Влада.