
За ТВ 24 Мизрахи вели дека пренесувањето на изјавата на Коѕијас е дефокусирање на јавноста од реалните проблеми што ги имаат граѓаните.
Премиерот на техничката Влада Оливер Спасовски нема да ја разреши од функција министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.
Од Владата сега велат дека најважно е Мизрахи да разбере која е штетата по иднината на земјата со непочитување на Уставот и да го промени своето однесување.
„Нејзините задачи и обврски како министерка се јасно утврдени со Закон за Влада со Устав. Сите министри треба да се однесуваат професионално, да го почитуваат Уставот и да работат за подобра иднина на земјата и граѓаните. Бараме Мизрахи да го почитува Уставот и очекуваме брзо промена во оваа насока. Доколку продолжи со непочитување на Уставот случајот повторно ќе се разгледува.“