Јанева снимена со купче од по 500 евра пред неа

На денешното рочиште за случајот „Рекет” беа презентирани фотографии од домот на Катица Јанева. На две од нив, Јанева седи на гарнитура, а на масата пред неа стои и снопче со пари, со банкноти од по 500 евра.

Во судот се презентираше и снимка на која се гледа снопчето со пари, а Јанева вели: „Што ќе одлучат – ќе видиме“.

Фотографијата од Јанева со снопчето евра е направена на 4. февруари 2019.