
Иако не била номинирана за Оскар, Џеј Ло на забавата по доделувањата на Оскарите организирана од Vanity Fair одлучила да дојде со крената глава.
Како и обично , во прв план ја ставила својата спектакуларна фигура,ја истакнала во тоалета со потпис на Џулијан Мекдоналд. Станува збор за блескава долга тоалета до длабоко деколте, изрез на страна и опасно висок шлиц.
За среќа, Џенифер е веќе “истренирана” за носење на ризични креации, па успеала да избегне било каква непријатност.
Косата ја стилизирала како и обично, а шминката исто така ја задржала во своите омилени нијанси.