
Трајко Славески, членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ, во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“, посочи дека рамниот данок е корисен, а за тоа потврдуваат и податоците од Светска Банка. -Ако нам не ни верувате, нека веруваат на институција на која што цел свет и верува. Институција која што во своето мото има запишано дека се бори против сиромаштијата, а тоа е Светска Банка. Светска Банка констатира дека во оној период од воведување на рамниот данок се зголемува средната класа во Република Македонија и тоа со проценти, нагласи Славевски.
Тој додаде дека според критериуми на Светска Банка со помош на рамниот данок во Република Македонија средната класа се зголемила за околу 7%. Иако СДСМ кажува бесмислици и ги убедува граѓаните дека рамниот данок е штетен за државата. -Иако видовме прогресивниот данок каква штета нанесе на економијата. Средната класа се зголемила како процент од вкупното население во Република Македонија. За среќа на идеолошкото талкање на СДСМ, се расчисти дилемата која што ја наметна една група на интелектуалци што беа крајно лево ориентирани, истакна Славески.