Драматичен раст на бројот починати и заразени од коронавирусот во Хубеи, со примена со нова методологија

Бројот на починатите од новиот сој од коронавирусот во централната кинеска покраина Хубеи скокна во четвртокот за рекордни 242 и вкупно изнесува 1.310 починати, а дојде и до големо зголемување на бројот на новите потврдени случаи на зараза по примената од новата дијагностичка методологија.

Со новата бројка од 242 смртни случаи потврдени во четвртокот, досега рекордниот број на починати во едно деноноќие е повеќе од удвоен. Векупно во покраината се починати 1.310 лица. Бројот нови случаи на зараза во 24 часат се зголемил, исто така, на рекордни 14.840 на вкупно 48.206 случаи. Од болниците се отпуштени како излекувани 3.441 пациент.

Здравствените власти во покраината Хубеи, епицентарот на епидемијата, соопштија дека од четвртокот вклучуваат случаи со новата метода на дијагностицирање на заболувањето. Кога би се применила старата методологија, бројот на новозаболените би се зголемил за само 1.508 лица, покажуваат официјалните податоци.

Покраинската здравствена комисија соопшти минатата седмица дека ќе почнат да ги признаваат резултатите од ЦТ (компјутерска томографија) како потврда од заразата, што би овозможило болниците побрзо да ги изолираат пациентите. Исто така, соопштија дека се изменети старите податоци и претходните процени на сомнителниет случаи.

Властите на Хубеи претходно дозволуваа заразата да биде потврдена само со тестови на РНА, што може да потрае со денови додека дојдат резултатите и со тоа се одложувало лекувањето.

РНА, рибонуклеинската киселина, ја пренесува генетската информација овозмоќувајќи идентификација на организмите како што се вирусите. Промената на ЦТ која го открива воспалението на белите дробови ќе им помогне на пациентите да примат терапија што е поскоро можно и да ги зголеми шансите за закрепнување, соопштија здравствените власти на Хубеи.

Новата методологија веројатно доведува и до порастот на бројките на починатите од заразата со коронавирусот, вели Рејна Мекинтајер, водител на истражување на Институтот Кирби и Универзитетот на Нов Јужен Велс во Сиднеј.

„Веројатно има починати меѓу луѓето кај кои не е потврдена заразата со лабораториска дијагностика, но имаат направен ЦТ. Важно е и тие да бидат вброени“, вели Мекинтајер.

Недостигот од опрема за РНА тестови е проблем во градот Вухан, административниот центар на покрината Хубеи и епицентарот на ширењето на заразата, и тоа веројатно довело до тоа поради чекањето на дијагнозата да се одложќувало и првичнотео лекување на пациентите, а со тоа придонело и за ширење на вирусот во првите денови од избувнувањето на епидемијата.