
Итната медицинска помош пријавила во Одделението за внатрешни работи Кратово дека на улицата „Глигор Пазавански“, во својот дом, во помошна просторија во дворот од куќата, биле пронајдени починати 67-годишниот М.И. и неговата 66-годишна сопруга Д.И.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а како што е наведено во полицискиот билтен, извршен бил увид на местото на настанот и по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.