Манчестер Сити казнет со двегодишна забрана за настап во европските купови

Европската фудбалска асоцијација УЕФА го казни актуелниот англиски првак Манчестер Сити со две години забрана за настапи во европските купови и финансиски со 30 милиони евра поради сериозно кршење на правилата за финансискиот „фер-плеј“.

Од УЕФА порачаа дека спроведената истрага утврдила „сериозно кршење на правилата во периодот од 2012 до 2016 година“.

Минатата пролет Манчестер Сити беше обвинет за можно прекршување на финансискиот фер-плеј и предаден на судската итанца на УЕФА за финансиска контрола на клубовите CFCB. Сослушувањето за овој случај се одржа на 22-ри јануари.

Манчестер Сити е обвинет дека во своите деловни книги водел превисоки приходи од спонзорства, како и дека одбил да соработува во текот на истрагите.

Од Сити на ваквата одлука на УЕФА реагираа со соопштение во кое најавија жалба којашто ќе ја поднесат пред Спортската арбитража (CAS) во Лозана.

Манчестер Сити е актуелна шампион на Англија, а националното првенство го освојуваше шест пати, како и националниот Куп, Суперкупот на Англија, како и ја ФА лига купот. Минатата сезона Сити стаса до четврфиналето во Лигана на шампионите, во кое беше елиминиран од идниот финалист Тотенхем со (0:1 и 4:3). „Граѓаните“ во текот на осумте изминати сезони редовно се пласираа во Лигата на шампионите.

Според деловните резултати, Манчестер Сити е на шестото место на листата на најпрофитабилните фудбалски клубови во Европа, и според процените на ревизорската агенција Deloitte, приходите на клубот во текот на минатата 2019 година изнесувале 619,6 милиони евра.

Во 2018 година CFCB донесе одлука за остранување на италијанскиот великан Милан од европските клубови, исто така, на две созено, задржувајќи му 12 милиони евра кои му припаѓаа на миланскиот клуб за настапите во Лига Европа во сезоната 2018/2019. Потоа Милан се жалеше пред CAS и истовремено челниците на клубот се обратија и до УЕФА која се согласи „Росонерите“ да прескокнат само една жрепка во Лига Европа, за да ги избегнат санкциите и да го нормализираат финансискиот баланс во клубот.

Претходно во 2015 година, УЕФА го острани московски Динамо од учество во европските купови една созена, порад нарушување на прњевилата на финансискиот фер-плеј.