
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Минхен изјави дека ако резултатите од Извештајот на Европската комисија во март за Македонија и Албанија се позитивни тој би поддржал отворање на преговори со нив за да станат членки на Унијата, објави Ројтерс.
– Го чекаме извештајот во март … во зависност од тоа дали резултатите се позитивни и дали има доверба тогаш би биле во позиција да одобриме почеток на преговори – изјави Макрон на 56. Минхенска безбедносна конференција.