Макрон: ЕУ не инвестира доволно во својата иднина

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека Европска Унија треба да се разбуди и да стане континент кој верува во својата иднина.

– Не инвестираме доволно во својата иднина… и политички тоа е единствениот начин да се помириме со нашата средна класа – посочи Макрон на Минхенска безбедносна конференција.

Тој истакна дека би сакал да ја види „Европа, која може да го штити суверенитетот, Европа, која е повитална и Европа, која негува ентузијазам во поглед на својата иднина“.

Макрон потенцира дека ЕУ треба да го усогласи својот буџет со амбициите, со цел да не заостанува за САД и Кина, посебно за идните технологии.