
Фудбалерите на Валенсија и Атлетико Мадрид ремизираа во петокот вечерта 2:2 во првиот натпревар во рамките на 24-то коло од шпанското првенство.
Госите од Мадрид двапат беа во водство со головите на Маркос Љоренте во 15 и Томас Парлеи во 43 минута, но Валенсија израмнуваше првиот пат во 40 минута со голот на Габриел Паулиста, а вториот во 59 минута со голот на Џофри Кандогбија.
Атлетико Моментално е четврти на табелата со 40 бодови, а Валенсија е две места подолу со два бода помалки. На врвот е Реал Мадрид со 52 бодови, додека со три помалку го следи Барселона. Третопласиран е најпријатното изненадување сезонава, екипата на Хетафе со 42 бодови, а петта е Севилја со 39 бодови.
Во сабота се играат натпреварите Мајорка – Алавес, Барселона – Хетафе и Вилјареал – Леванте, а во недела Гранада – Вајадолид, Севилја – Еспањол, Леганес – Реал Бетис, Еибард – Реал Сосиедад, Атлетик Билбао – Осасуна и Реал Мадрди – Селта Виго.