
Јувентус во четвртокот успеа да извлече реми во дуелот против Милан во италијанскиот Куп. Кристијано Роналдо од пенал во финишот од мечот успеа да ги постави конечните 1-1, а „Старата дама“ повторно не играше најдобро и затоа тренерот Маурицио Сари доби критики.
Сари не е загрижен поради тоа што неговата екипа не игра најдобро, па кажа дека во моментов го мачи само здравјето.
„Единствена вистинска грижа во животот ми е здравјето. Ова е спорт, не може тимот постојано да напредува. Примаме голови кои треба да ги избегнеме. Сега сме во слаба форма, но за 15 дена ќе бидеме повторно одлични“, вели Сари.