
Денес го слушам Заев вели ќе правел марш за правдата, каква хипокризија и лицемиерие. Предводникот на неправдата овие три години ќе прави марш за правдата или во реалност марш за спас на милионите на Вицето, марш за спас на плантажите од марихуана на неговите роднини, марш за спас на Заев од Рекет, марш за спас на убијците кои ги пуштија на слобода овие три години. Патеката по која утре ќе чекорат е истата по која ќе си заминат после 12-ти април, изјави на денешната прес конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој додаде:
„Но, има една работа со која ќе се согласам, а тоа е она кога вели Заев дека одговорност мора да има. Одговорност ќе има и ти Зоран Заев ќе одговараш. Ќе одговараш, запамети ги овие зборови. Мора да има одговорност. За мене лично и за мојата партија ова е битка на принципи. И мојата визија за Македонија почива на три фундаменти. Прво, чесност и честитост по која работам. Второ, работа која мора да донесе резултати. И трето, одговорност, запамтете го ова добро, одговорност, зошто мора правда, правда за секого без оглед на политичката припадноста или политичка неприпадност, без оглед на името,без оглед кој со кого е близок.“
Според Мицкоски мора Македонија да сврти нов лист односно нов почеток преку кој ќе ги поразиме оние кои ни носат порази.
Целата прес конференција проследете ја подолу: