(ВИДЕО) Бади Хилд победник на турнирот во шутирање „тројки“

Кошаркарот на Сакраменто Кингс, Бади Хилд, победи на турнирот во шутирање тројки  кој ноќта конеделата се одржа во Чикаго во рамки на Викендот на Сите ѕвезди на НБА лигата.

Момчето од Бахамите во финалето ги победи Девин Букер (Феникс) и Давис Бертанс (Вашингтон). Хилд во финалната рунда постигна 27 поени од можните 40, додека Букер имаше само еден помалку, а Бертанс 22.

Ланскиот шампион Џо Херис (Бруклин) беше елиминиран во првата рунда, заедно со Трае Јанг од Атланта, Девонте Греам од Шарлот, Данкан Робинсон од Мајами и домашниот фаворит од Чикаго, Зек Левин.