
Законот за Јавното обвинителство беше донесен со мнозинство гласови во Собранието на Македонија, и покрај бројните забелешки на опозициските партии и одредени лица кои сметаа дека партиите на власт се амнестираат себеси, пишува Газета Експрес.
Албанските партии ги разделуваат убедувањата и интересите, но ги обедини Законот за јавно обвинителство. Сите албански партии, без оглед, гласаа „за“ усвојување на Законот за јавно обвинителство, и покрај тоа што БЕСА и Алијанса за Албанците пред неколку денови изјавија дека нема да гласаат за усвојување на овој закон, но, чудно денес гласаа „За“ со што ги обезбедија потребните 2/3 од вкупниот број пратеници.
Според извори на „Газета Експрес“ во Македонија, членот 110 од овој закон предвидува дека прислушуваните материјали повеќе не можат да се користат како доказ на суд, а со тоа, пропаѓаат и сведочењата за разни функционери на сегашната власт, но и на независната група од осум пратеници кои излегоа од ВМРО-ДПМНЕ. Со донесувањето на овој закон, ќе се отфрлат и аудио-снимките, односно доказите против поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и многу други функционери од неговата партија и многу други државни функционери осомничени за корупција и организиран криминал. Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека Законот за јавно обвинителство е директна амнестија на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е осомничен дека е вмешан во случајот „Рекет“.
Предлагачите на Законот за јавно обвинителство тврдат дека со овој закон, Обвинителството ќе го регулира гонењето за организиран криминал и корупција, кое ги процесуира и предметите на поранешното Специјално обвинителство, кои беше згаснато заради истекот на мандатот, но и поради вмешаноста неговата шефица, Катица Јанева во аферата позната како „Рекет“.