Фатени со ПИ-мерки: Заев имал тајна средба со Јанева?

На денешното рочиште за случајот „Рекет“ пак со јавноста беше споделена скандалозна информација при презентирањети снимки од посебните истражни мерки (ПИМ) со кои биле следени Бојан Јовановски, Зоран Милески – Кичеец и Катица Јанева.

Специјалната обвинителка била следена од средината на август минатата година. На една од снимките направени од полицијата се гледа како таа како совоозач во возило „Опел вектра“ се упатува во правец кон претседателската вила на Водно, но таму се наоѓа и резиденцијата на премиерот.
Покрај обидот за спин во судницата и преку медиумите блиски до властан а СДСМ дека Јанева се сретната со претседателот Стево Пендаровски, повеќе од јасно е дека Јанева се сретнала со Зоран Заев, пишува Инфомакс

На прашање на Инфомакс до кабинетот претседателот Стево Пендаровски дали таква средба се случила и за што се разговарало на средбата, одговорот е:

„Во врска со вашето прашање за ПИ мерките за обвинителката Јанева, ве информираме дека претседателот Пендаровски во споменатиот период – август 2019 не живееше во резиденцијата. Претседателот Пендаровски со семејството живее во резиденцијата од октомври 2019 година“.

Целиот текст прочитајте го на Инфомакс