
Во полициската акција којашто доцнеа попладнето во средата се спроведува во селото Крушопек, во скопската општина Сарај, запленето е големо количество кокаин, кој бил најден во пратка со банани.
За оваа акција се огласи и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности. По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога, пишува Чулев на Фејсбук и додава дека целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата.
Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата. Повеќе информации за јавноста ќе соопштиме во текот на утрешниот ден“, потенцира Чулев.