
СДСМ е во криминална коалиција со Сашо Мијалков, за три години тој стана најблизок соработник и бизнис партнер на Вице Заев, обвини Александар Николовски во гостувањето во „Топ Тема“ на Телма. Во дебата со Радмила Шекеринска тој истакна дека постои селективна правда, одредени случаи експресно се водат, додека за оние луѓе кои влегоа во коалиција со СДСМ слуачите се одолговлекуваат.
-СДСМ е 4 година на власт министер за внатрешни работи има повеќе од 5 години, полугите во судството јасни се. Има интересна тенденција во случаите кои се во судот, има два типа на случаи. Еден тип на случаи судијата 90 дена заборава да закаже рочиште, започнува наново случајот. Па после тоа еден од поротниците си дава оставка, па почнува наново. Па после тоа друг поротник си дава оставка па почнува наново. Па после тоа некој сведок се премислил па почнува наново. Знаете кои се овие случаи? Овие случаи се случаи каде дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ кое сега е во криминална коалиција со СДСМ и тука одговор нема. Одговор нема, кој прислушкуваше во Република Македонија? Знаете зошто, бидејќи случајот кој прислушкуваше во Република Македонија не може да почне затоа што таму првообвинет е бизнис партнерот на Вице Заев.
Посочи дека се уште не може да започне ниту случајот за набавката на опрема за прислушкување затоа што и таму е обвинет бизнис партнерот на Заев.
-Вистината во Македонија е дека за бизнис партнерите, дел од крими коалицијата на СДСМ случаите не можат да почнат и тоа е факт за македонското судство. И затоа е смешно СДСМ да протестира против судството во кое имаат толкаво влијание, вели тој.