
Основното обвинителство во Гнилане, одделението за тешки кривични дела, извести дека вчера во околу 13 часот полицајка убила 4 лица поточно членови на своето семејство и на крај извршила самоубиство.
Според прелиминарните информации, постои сомнение дека полицајката Валдета Блаца со огнено оружје ги убила своите родители и двајцата браќа, а потоа извршила самоубиство.
Како што информираат косовските медиуми, убиени се 70-годишниот Зекир Блаца, 66-годишната Ханифе Блаца, 33-годишниот Блерим Блаца и 34-годишниот Фисник Блаца.
Полицајката, во сопствениот дом, со службен пиштол ги убила родителите, а потоа и браќата.
Роднините на семејството велат дека се шокирани и дека не забележале никакви проблеми во семејството.
https://video.gjirafa.com/vend-mp4