
Американскиот сенатор и можен демократски кандидат на претседателските избори Берни Сандерс остро ја критикуваше одлуката на претседателот Доналд Трамп да помилува неколку поранешни политичари и бизнисмени осудени за корупција и затајување данок, вклучително и поранешниот гувернер на Илиноис, Род Благојевич.
„Трамп ги помилува даночните затајувачи, измамниците на Волстрит, милијардерите и корумпираните владини службеници. Во меѓувреме, илјадници сиромашни од работничката класа и деца се затворени за ненасилни пресуди за дрога. Така изгледа пропаднат и расистички криминален правосуден систем“, објави Сандерс на Твитер.