(ВИДЕО) Пациентка свиреше виолина додека ѝ го оперираа мозокот

Пациентката во лондонската болница „ King’s College“ свиреше на виолина додека хирурзите ѝ го опрерираат туморот на мозокот, пишува во средата BBC.

Педесет и тригодишната Дагмат Тарнер свирепе виолина за лекарите да бидат сигурно дека во текот на операцијата нема да оштетат делови од мозокот клучни за движење и коориднацијата. Таа метода е користена и во повеќе вакви случаи, а најмногу предизвикува внимание на јавноста кога станува збор за музичари.

Кај Тарнер, која живее на осторовт Вијт, бил дијагностициран тумор на мозокот по мозочниот удар во 2013 година. Била загрижена дека по операцијата повеќе нема да може да свири на виолина.

Нејзиниот тумор се наоѓал на десната страна на фронталниот лобус, во близина на делот кој ги контролира движњата на нејзината лева рака.